Публикацијата „Записи из Македоније“ е од информативен карактер кој содржи 57 новински записи на 102 страни. Материјалите се групирани во две целини од кои првата содржи 26 наслови и е за познати претставници на српската заедница, додека вториот дел содржи 24 наслови при што е објаснета работата на невладините организации и проблемите во зачувувањето на српскиот јазик во РСМ.

 

Публикацијата „Записи из Македоније“ е печатена во 310 примероци и успешно е презентирана и промовирана во Белград на 26. Декември 2019 година на „Деветтата конференција на медиуми од дијаспората“ организирана од УНС, Здружение на новинари на Србија. Публикацијата исто така планирано е да биде промовирана и во Скопје.

 

Активноста е реализирана во рамките на првиот циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 12.05.2019 година.

 

Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“  финасиран од ЕУ.