Здружението на истомисленици на Ататурк во Македонија го реализираше проектот „Декада на МАД„. Настанот се одржа во Хотел Континентал, а целта на проектот беше одбележување на 10 годишнината од постоењето на Здружението на истомисленици на Ататурк во Македонија како и презентација на Монографијата за активностите и реализираните проекти на здружението во изминативе 10 години. На прославата присуствуваа претставници од етничките заедници, политичкиот живот , професори и претставници на други здруженија со кои МАД има соработка.

 

Активноста е реализирана во рамките на првиот циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 12.05.2019 година.

 

Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“ финасиран од ЕУ.