Националната конференција на тема „Проценка на напредокот на Република Северна Македонија во спроведувањето на јавните политики кон ромската заедница” беше организирана на 19.11.2019 година во хотел Мериот – Скопје. Целта на оваа конференција беше да се анализираат теми поврзани со ромската заедница во државата, а воедно како стратешки цели на институтот да се отвори дискусија со засегнатите страни за напредокот постигнат во 2019 година. Истата се состоеше од три тематски панела на теми:  Спроведувањето на националната стратегија за Роми,  соодветната и правична застапеност на заедниците во Република Северна Македонија со посебен фокус на ромската заедница и интеграцијата на Република Северна Македонија во Европската Унија и положбата на Ромите на патот на државата кон Европската Унија.

 

На конференцијата како засегнати страни присуствуваа граѓански организации, поединци и релевантни институции. На отварањето на истата присуствуваа министерот без ресор – Музафер Бајрам, министерката за труд и социјална политика – Мила Царовска, раководителот на одделот за соработка во ЕУ делегацијата во Скопје – Никола Бертолини и програмскиот менаџер на канцеларијата за ромски иницијативи при фондацијата отворено општество во Берлин – Неда Коруновска и извршниот директор на институтот Ромалитико – Суад Скендери.

 

Активноста е реализирана во рамките на вториот  циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 23.09.2019 година.

 

Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“  финасиран од ЕУ.

nacionalna_konferencija romalitiko