Здружението за права и хуманост ИНТЕГРА НАУ Скопје ја реализира активноста печатење на првиот дел на двојазичниот македонско-влашки прирачник, за учење на влашкиот јазик за возрасна публика.

 
Во периодот од пет месеци, предвиден во предлог – проектот на ЗПХ ИНТЕГРА НАУ се преведе на македонски јазик, првиот дел на прирачникот, се лекторира, технички и графички се уреди и се испечати со тираж во 565 примерока.

 
По печатењето на прирачникот се организираше промоција на иститот, на ден 13.12.2019 година, во присуство на заменик директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците г-дин Џелал Хоџиќ, експертот во проектот на АОПЗ и ЕУ проф.д-р Алесандро Симони, како и претставници од општината и влашката заедница.

 
Активноста е реализирана во рамките на првиот циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 12.05.2019 година.

 
Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“ финасиран од ЕУ.