Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) од 11.11.2020 започна караван во кој беа посетени 60 основни и подрачни училишта од сите региони на државата, а во кои учат ученици на јазиците на помалубројните заедници во Р.Северна Македонија.
Со овој караван се поделени околу 7.000 ученички сета за учениците од прво до трето одделение, надополнети со маски и дезинфекциони средства, согласно мерките за заштита од COVID 19.
Оваа активност е предвидена во рамките на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците„ кој е директно поддржан и финансиран од страна на Европската унија.
Караванот започна со посета на Основното Училиште “Тефејуз” во Општина Чаир,каде присустуваа Заменик-директорот на АОПЗ,г. Џелал Хоџиќ, г. Фрејк Јанмат- преставник на Делегацијата на ЕУ во Скопје, како и г.Илхан Рахман Заменик-министер во Министерството за Политички систем и односи меѓу заедниците и заврши на 12.02.2021 со поета на О.У. Истигбал- кој се наоѓа во општина Тетово.
Листа на посетени основни училишта:
град/општина | Име на основното училиште |
Скопје/Чаир | Тефејјуз |
Скопје/Чаир | Јашар Беј Шкупи |
Скопје/Чаир | Рајко Жинзифов /Исмаил Кемали |
Скопје/Чаир | Хасан Приштина |
Скопје/Бутел | Пенко |
Шуто О/Скопје | Браќа Рамиз Хамид |
Студеничани/Скопје | Мустафа Кемал Ататурк |
Студеничани | Алија Авдовиќ |
Скопје/Сарај | Дитурија |
Скопје/Центар | Кирил и Методиј |
Кисела Вода | Кузман јосифовски Питу |
Кисела Вода | Круме Кепески |
Кисела Вода | НГ Дуња |
Куманово | Браќа Рибар |
Куманово | Браќа Миладиновци |
Куманово | Крсте Мисирков |
Куманово | 11 Октомври |
Старо Нагоричане | Светозар Марковиќ |
Чучер Сандево | Св.Кирил и Методиј |
Оризари/Велес | Рајко Жинзифов |
Тетово | Истигбал |
Тераце | Кирил Пејчиновиќ |
Гостивар | Мустафа К Ататурк +3 подрачни |
Врапчиште | Врапчиште |
Струмица | Јосифово |
Струмица | Маршал Тито |
Валандово | ЈБ Тито + 4 подрачни |
Валандово | Страшо Пинџур + 1 подрачно |
Василово | Гоце Делчев |
Штип | Гоце Делчев + 1 подрачно |
Штип | Димитар Влахов |
Штип | Славејко Арсов |
Радовиш | К.П.Мисирков + 2 подрачни |
Радовиш | Никола Карев + 3 подрачни |
Ресен | Мите Богоевски + 1 подрачно |
Битола | Гоце Делчев |
Прилеп | Кирил и Методиј + канатларци |
Долнени | ВЦ Трена + Дебреште |
Долнени | Мирче Ацев +Лажани |