Во знак на сеќавање на загинатите српски регрути кај Спомен капелата на Удово одржана е пригодна комеморација. Во криптата на оваа капела почиваат посмртните остатоци на 261 српски војник кои загинаа на Велики Петок во 1915 година како и посмртните остатоци на 2000 српски војници кои загинаа во тек на Првата светска војна во Македонија. На овој собир присуствуваа преtставници на Владата на Република Македонија, заменик министер за култура г-дин Драган Недељковиќ, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците г-ѓа Весна Бабиќ Петровски, претставници на Амбасадата на Р.Србија во Македонија, претставници на Демократската партија на Србите во Македонија, српски граѓански организации, претставници на локални самоуправи како и гости од Република Србија.

Организатор на овој настан е Српска Заедница во Македонија, а покровител на настанот е Владата на Република Македонија.

udovo1
udovo2