Во просториите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците се конституираше “Експертско советодавно тело на АОПЗ“. Советодавното тело ќе има за цел да пренесе позитивни пракси од ЕУ за правата на помалубројните заедници, да ја подобри ефикасноста на АОПЗ, да помогнат да се подобри видливоста на АОПЗ во државата и на меѓународен план.

Експертското советодавно тело е составено од следните членови:

  • Ерван Фуере, претседател на експертското советодавно тело, вонреден соработник за истражувања во Центарот за европски политки во Брисел и поранешен Амбасадор на Европската унија за Република Северна Македонија;
  • Проф. Др. Јагода Новак, експерт за човекови права и интеграција од Р. Хрватска;
  • Проф. Др. Алесандро Симони, професор на катедра за правни науки на Универзитетот во Фиренца, Италија, тим лидер на проектот финансиран од ЕУ Делегацијата во Скопје „Зајакнување на демократијата преку остварување на правата на заедниците“;
  • Џарлат Керни, национален експерт во европската комисија за еднаквост во Северна Ирска;
  • Проф. Др Кристина Џоносон, од Малме универзитет, Шведска.

Експерсткото советодавно тело се формира со поддршка на проектот „Зајакнување на демократијата преку остварување на правата на заедниците“ кој АОПЗ го реализира преку Европската Унија.

Екпертско советодавно тело ќе заседава периодично, а самите експерти за работата и ангажманот нема да добиваат надоместок.

 

Скопје

10.12.2019