Агенцијата за остварување на правата на заедниците со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје на ден 11.06.2018 година во хотел Арка, Скопје оддржа прва конститутивна седница на работната група која ќе работи на предлог измени и дополнувања на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците кои се помалку од 20 % од населението.

Работната група ја сочинуваат членови на релевантни државни институции и претставници на здруженија на граѓани од заедниците.

Конститутивната седница на работната група ја отворија г-дин Илхан Рахман директор на Агенцијата и г-дин Нинослав Васиљевиќ раководител на одделението за демократско владеење и општествена кохезија на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Седницата ја модерираше г-дин Џелал Хоџиќ в.д. заменик директор на Агенцијата.

На седницата се дискутираше за состојбите и потребата од измени и дополнувања на законот, за  процесот на креирање на политики и изготвување и донесување на законите, односно динамика на законодавниот процес , а се разгледуваа и  измените и дополнувањата на законот (“Сл. весник” бр. 92/08 и 42/14) и акцискиот план изготвени во 2015 год. со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

rabotna grupa 2