Во рамки на председавањето на Р.Македонија со Комитетот на министри на Советот на Европа во Скопје се одржа Конференција посветена на заедниците на тема „Зацврстување на кохезијата на европските општества – ефективно учество на припадниците на заедниците во процесите на одлучување“. Конференцијата има за цел да овозможи учесниците да направат преглед на актуелната состојба со заштитата на правата на припадниците на заедниците во земјите членки на Советот на Европа како и анализа на степенот на имплементација на Рамковната конвенција на националните малцинства на Совет на Европа и нејзиниот придонес во зголемувањето на учеството на припадниците на заедниците во процесите на политичко одлучување. На Конференцијата со свое излагање учествуваше и Директорката на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Г-ѓа Весна Бабиќ-Петровски.