Делегација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, предводена од директорот Весна Бабиќ-Петровски,оствари средба со м-р Благица Новковска, директор на Државниот завод за статистика.

Координативната средба беше во насока на договарање на заедничките активности за претстојниот Попис за населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2011 година, со цел да се овозможи навремено и квалитетно информирање на сите граѓани во Република Македонија.

На средбата беше договорено Заводот да обезбеди стручна помош и поддршка за кампањата на Агенцијата, под мотото “Мојата заедница, мојот дом – Mакедонија “, наменета за зголемување на свеста за правата на заедниците што се помалку од 20 % од вкупното население во Република Македонија.