Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, беше во посета на АОПЗ и имаше состанок со заменик- директорот Џелал Хоџиќ.

 

Хоџиќ го запозна градоначалникот на Шуто Оризари за визијата и мисијата АОПЗ, како и за тековните активности, но и предизвиците во работата. Заменик-директорот на АОПЗ и градоначалникот Дудуш зборуваа за можноста Шуто Оризари и АОПЗ да работат на заеднички проекти во иднина, во интерес на граѓаните од сите заедници. На средбата се разговараше и за состојбата на етничките заедници под 20% во државата. Посебен акцент беше ставен на состојбата на ромската заедница.

 


На средбата беше заклучено дека постои огромен потенцијал во заедничката соработка помеѓу Шуто Оризари и АОПЗ и дека во брзо време треба да се развие заеднички проект.

 

Скопје
31.07.2018