На 25-ти и 26-ти Октомври во Скопје, во организација на Легис се одржа работилница со лабораторија на идеи „Младите делуваат инклузивно“, во просториите на „Јавна Соба“.

 

Учесниците ги анализираа придобивките и вредностите на Охридскиот рамковен договор, неопходноста од дијалог, меѓусебна соработка и зголемено младинско учество.

 

За време на лабораторијата на идеи, учесниците развија идеа за кампања за подигнување на свеста на овие теми, кои со поддршка на Легис беа реализирани преку социјалните мрежи во наредниот период.

 

Во рамките на проектот беше изработена информативна брошура, која беше поделена помеѓу учесниците но, и учесниците презедоа обврска да  поделат примероци од брошурата помеѓу своите пријатели, ученици, колеги.

 

На работилницата присуствуваа 17 учесници на возраст од 18 до 30 години. Младите го користеа слоганот „Сите еднакви“ кој во форма на хаштаг #ситееднкави #siteednakvi младите кои ја поминаа обуката на сите социјални мрежи кои ги користат и следат.

 

На крајот од тренингот беа поделени сертификати на сите учесници.

 

Активноста е реализирана во рамките на првиот циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 12.05.2019 година.

 

Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“  финасиран од ЕУ.