Во рамките на проектот на Македонското пенолошко друштво  „Праведен и еднаков третман на Ромите во затворите“ беше реализирана активноста – Изготвување на Публикација и еднодневен настан за промоција на истата.

 

Публикацијата која беше изготвена во тираж од сто примерока, опфаќа сумирани податоци од извршениот увид во затворите и врз основа на истите се опишани состојбите во казнените установи. Исто така наведени се и предлози на Македонското пенолошко друштво во насока на подобрување на условите и третманот во затворите.

 

Еднодневниот промотивен настан на публикацијата беше одржан во хотел Холидеј Ин на 10.12.2019 година.

 

Активноста  е реализирана во рамките на првиот циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 12.05.2019 година.

 

Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“  финасиран од ЕУ.