Во рамките на проектот на Македонското пенолошко друштво „Праведен и еднаков третман на Ромите во затворите“ беше реализирана активноста – Изготвување на Публикација и еднодневен настан за промоција на истата.
Публикацијата која беше изготвена во тираж од сто примерока, опфаќа сумирани податоци од извршениот увид во затворите и врз основа на истите се опишани состојбите во казнените установи. Исто така наведени се и предлози на Македонското пенолошко друштво во насока на подобрување на условите и третманот во затворите.
Еднодневниот промотивен настан на публикацијата беше одржан во хотел Холидеј Ин на 10.12.2019 година.
Активноста е реализирана во рамките на првиот циклус на поддржани активности, од повикот објавен на 12.05.2019 година.
Оваа активност е поддржана преку Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“ финасиран од ЕУ.