По повод Националниот ден на Власите 23 Мај 2011 организирана е свечена академија во Домот на АРМ во Скопје. На академијата честитки до влашката заедница упатија Претседателот на РМ г-дин Горѓе Иванов, Претседателот на Собранието на РМ г-дин Трајко Вељаноски и Вицепремиерот во Владата на РМ г-дин Васко Наумовски. Свечената прослава беше одбележана со богата културно-уметничка програма, како и полагање цвеќе на споменикот на Мајка Тереза и на спомен плочата на Тоше Проески.Со измените на Законот за празници на РМ од 08. 02. 2007 година во Собранието на РМ, 23 Мај е прогласен за Национален ден на припадниците на влашката заедница во РМ.
Vlasi hor
vlasi tose
vlasi cvece polaganje