Вчера, на покана на Канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ во Хаг, Холандија, Еран Куриш, директор при агенцијата за оставрување на правата на заедниците, заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Џабир Доко, националниот координатор за интеркултурализам и општествена кохезија , Роберт Алаѓозовски, заедно со дипломатскииот претсавник н Р.С.Македонија во Кралство Холандија, Бети Јачева имаа состанок за прашања поврзани со интеграцијата на различностите во општеството во Република Северна Македонија.

            На самиот почеток Високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ, Каират Абдрахманов упати благодарност за континуираната одлична соработка со властите во Република Северна Македонија, со Агенцијата за остварување на правата на заедниците и другите институции надоврзувајќи се на претходните редовни размени со засегнатите страни во спроведувањето на Националната стратегија за развој на концептот на “Едно општество и интеркултурализмот 2020-2022”.

            Имено, Мисијата на ОБСЕ, Канцеларијата на Високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ, дадоа голема поддршка во спроведувањето на Националната стратегија за развој на концептот на “Едно општество и интеркултурализмот 2020-2022”, нивната заложба продолжува и во новата Национална стратегија за развој на интеркултурализмот и општествената кохезија,2024-2026”, така што во Акцискиот план 2024-2026  се внесени препораките на Високиот комесар за подобрување на заедниците во социо-економскиот живот како, подобрување на општестевната кохезија, остварурање на правата на заедниците и зајакнување на клучните институции како Агенцијата за оставрување на правата на заедниците, Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво, а како клучна е улогата на министерството за политички систем и односи меѓузаедниците.

            Помалкубројните заедници ја имаат поддршката на ОБСЕ и во идниот период ќе се интензивираа соработката на Агенцијата и канцеларијата на ОБСЕ за национални малцинства.