Во просториите на АОПЗ одржана е обука за стратешко планирање, како дел од заедничкиот проект на ОБСЕ и АОПЗ, за зајакнување на капацитетите на Агенцијата. Обуката е спроведена од страна на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). На обуката учествуваа раководството и државните службеници вработени во Агенцијата. Цел на обуката беше стекнување на потребното знаење од областа на стратешкото планирање. На обуката беше презентирана определена методологија за стратешко планирање, запознавање со алатки за спроведување на процесот на стратешко планирање, како и практична примена на истите, со цел создавање на основа за понатамошно самостојно изготвување на стратешкиот план на Агенцијата од страна на вработените. Тридневната обука се состоеше од вовед во институционалниот развој и организациско јакнење, дефинирање на мисијата, анализа на надворешни и внатрешни фактори, идентификување на силните и слабите страни, внатрешна организација и ресурси, алокација на ресурси и буџет и ревизија на стратегијата.

IMG_4669
17122009493