Агенцијата за остварување на правата на заедниците зема учество на обуката ” Медијација и решавање на споровите” организирана од страна на ЦССП Пројект за Интегративна Медијација(ЦССП) во Хотел Белведере ,Св.Стефан, Охрид.Оваа обука беше дизајнирана за да го подобри искуството на назначените заинтересирани страни со цел да се постави еден механизам за решавање на спорови при меѓуетничките спорови во јавните институции. Индикативните теми беа составени не само од вештини за решавање на конфликтите туку и преговарачки, комуникациски и посредувачки вештини со тоа што учесниците беа прва надлежна институционална линија. Севкупна цел на работилницата беше подршка за формирање на механизам за решавање на спорови преку две обуки на назначените претставници од релевантни институции.Работилницата беше потпомогната од страна на Др.Хуан Диаз, Др.Кристина Штенер, Кристоф Лутман од ЦССП, а воведен говор за добредојде одржа Г-дин Грегори Конор од УНДП.