Агенцијата за остварување на правата на заедниците како клучен актер во подобрувањето на меѓуетничките односи во Р.Македонија беше поканета да учествува на Обука за мониторинг и евалуација потпомогнат од ЦССПројект за Интегративна Медијација(ЦССП), која се одржа во Хотел Порта,Скопје. Оваа обука се фокусираше на подршката на процесот на Мониторинг и евалуација во единиците на локалната самоуправа како и државните институции во Р.Македонија.

Општа цел на обуката е да се зајакнат функциите на Мониторинг и евалуација на полето на меѓуетничките односи преку обука на Мониторинг и евалуација контакт лицата од локална самоуправа и релевантните државни институции.Фасилитатори на оваа обука беа Јулиус Голдман и Др.Кристина Штенер од ЦССП .На оваа обука присуствуваа четири претставници од Агенцијата за остварување на правата на заедниците.