Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) во рамките на проектот ,,Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците” кој што е финансиран од Европската Унија одржува обука за обучувачи за човекови права. Обуката која е дел од првата компонента на проектот т.е. зајакнување на капацитетите на АОПЗ.

 

Обучувачите Проф.д-р. Алесандро Симони од Универзитетот „Дегли Студи“ од Фиренца и советник за човекови права Филипо Ромоли во дводневната обука ги опфатија општите и главните методи за обучувачи, избирање помеѓу различните стилови на тренинзи, техники за обучување, говор на омраза, закон за спречување и заштита од дискриминација, компаративна перспектива на антидискриминацијата.

 

Во иднина се предвидува АОПЗ да организира обуки за човекови права во различни региони на државата се со цел да се подигне свеста околу човековите и правата на помалубројните заедници.