Агенцијата за остварување на правата на заедниците поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше Обука за обучувачи од областа на остварувањето на правата на заедниците која беше одржана во периодот 15-17 мај 2014 година во Берово.
Сите здруженија на граѓани учесници на Партиципативниот форум имаа можност да номинираат свој кандидат, кој  требаше да има познавања и искуство од областа на човековите и малцинските права.
Во зависност од искуството на кандидатите, нивната мотивација и постигнатите резултати на Обуката за обучувачи, Мисијата на ОБСЕ во Скопје ќе селектира неколкумина најдобри кандидати на кои ќе им биде понудена  можност да бидат ангажирани заедно со вработените од Агенцијата како обучувачи на обуките кои ќе се одржат на локално ниво во осум региони во државата

 

Berovo
Berovo 2