Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на 20 – 22.06.2018 година во хотелот Арка, во Скопје, организираше тродневна обука за пишување на проекти. На обуката учествуваа  12 преставници на  здруженија на граѓани од повеќето заедници (турска,  влашка, ромска, српска, бошњачка, црногорска) и обучувачите кои  беа преставници на Македонскиот центар за меѓународна соработка.

 

Директорот на Агенцијата г-дин Илхан Рахман со поздравен гoвор ја отвори обуката, во кој укажа на значењето на ваков вид активности, во насока на јакнење на капацитетите на здруженија на граѓани од заедниците под 20% . Во својот говор истакна дека „невладиниот сектор на заедниците мора да се зајакне, да биде коректив на политиките и да стане носител на идеи. Постои потенцијал и енергија која со години беше изолирана, времето на поделби е минато, очекуваме заеднички труд и резултати од учесниците на обуката„.

 

Целта на обуката беше напредно пишување на проекти со примери за аплицирања како и за раководењето на проектните циклуси.

25.06.2018