Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира тродневна обука на тема „Обука за раководење со проекти“ за представниците на невладините организации на заедниците во Р.Северна Македонија. Обуката се организира во Хотелот Арка во два термини со намален број на учесници поради ограничувањата и протоколите поврзани со пандемијата со Ковид 19.  Првиот термин  од 26 до 28 фебруари и вториот од 01 до 03 март 2022 год.

Во рамките на обуката беа ангажирани обучувачи односно експерти во оваа област и тоа Валентина Чичева и Сунчица Саздовска. Сите учесници кои ќе ја поминат обуката ќе добијат меѓунарно признати сертификати од странана Мисијата на ОБСЕ. Оваа обука се организираше како дел од потпишаниот Меморандум за соработка на АОПЗ со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.