Акциски план, Работилница на тема: „Креирање на политики и законодавен процес”.

Агенцијата за остварување на правата на заедниците со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје на ден 10 – 11.06.2015 година  во хотел „Арка“ организира обука на тема „Креирање на политики и законодавен процес”. Обуката беше наменета за членовите на работната група за изготвување на Акциски план за имплементација на Законот за унапредување и заштита на правата на припадниците на  заедниците под 20% од вкупното население во РМ. Работната група е составена од претставници на релевантни органи на државната управа и претставници на граѓанските здруженија од заедниците.

11778015_10153479070903767_963588632_n

 

11759531_10153479070883767_1403833283_n