Во рамки на Проектот “Програма за градење на капацитетите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците “, одржана е дводневна обука (12-13 септември 2011г.) на тема ,,Методи и инструменти за прибирање на податоци”.Обуката беше организирана од страна на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, а спроведена од страна на МЦМС и ИДСЦС. Цел на обуката беше стекнување и унапредување на знаења од областа на прибирање на податоци наменета за вработените во Агенцијата, како и за претставниците од невладиниот сектор.

ОБУКА: РАКОВОДЕЊЕ СО ПРОЕКТЕН ЦИКЛУС

Во рамки на Проектот “Програма за градење на капацитетите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците “, одржана е тродневна обука (05-07 септември 2011) на тема ,,Раководење со проектен циклус” организирана од страна на Агенцијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Целта на работилницата беше стекнување на знаења од областа на раководење со проектен циклус на граѓанските организации од заедниците и вработените во Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Обуката се одржа во просториите на МЦМС.

obuka 1
obuka 2

Кампања за попис ,,МОЈА ЗАЕДНИЦА, МОЈ ДОМ – МАКЕДОНИЈА”

Агенцијата за остварување на правата на заедниците започна со Кампања за попис на населението и домаќинстваа 2011 година ,,Мојата заедница, Мојот дом – Македонија”. Како дел од оваа кампања ќе бидат одржани трибини на тема ,,Заедниците и Попис 2011″ во 12 пописни реони вклучувајќи повеќе градови и села каде што припадниците на заедниците се застапени во поголем процент.Целта на кампањата е да го доближиме пописот до граѓаните, подобро да ги запознаеме со нивните права и да ги информираме за значењето на Пописот за заедниците. Учесници на ова трибина ќе бидат претставници од Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Државен завод за статистика, Државна пописна комисија и граѓанскиот сектор од заедниците.
Пописни реони кои ќе се посетат:

датум Општина датум Општина
27.09.2011 Карбинци 01.10.2011 Ресен
27.09.2011 Штип 04.10.2011 Крушево
29.09.2011 Шуто Оризари 05.10.2011 Гевгелија
29.09.2011 Чучер Сандево 05.10.2011 Центар Жупа
30.09.2011 Ст. Нагоричане 07.10.2011 Охрид
30.09.2011 Куманово 07.10.2011 Струга
01.10.2011 Битола