Вработените на Агенцијата за остварување на правата на заедниците на ден 26-27.11.2015 година во хотел Сириус –Струмица присуствуваа на обука на тема „Тимска работа, стратешко управување, набљудување и оценка, застапување и лобирање.“

 

Обуките беа одржани од страна на обучувачите Александар Кржаловски и Емина Нурединовска од МЦМС.

 

На обуката беше разработена темата тимска работа која беше проследена со вежби и дискусија за улогите во тимот и карактеристиките на добриот тим. Се направи споредба на исходот од вежбата со актуелниот стратешки план , вежби и презентации на тема  организационен развој,  и застапување/креирање политики, подготовка на анализи односно документи за јавни политики како основа за застапување засновано на факти.

SONDSC_0586 SONDSC_0588 SONDSC_0589 SONDSC_0590 SONDSC_0591 SONDSC_0592 SONDSC_0593