Агенцијата за остварување на правата на заедниците организираше обука на тема “Антидискриминација во плуралните општества: правни стандарди и практични искуства“, во склоп на проектот “Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“, кој е финансиран од Европската унија. Обуката се одржа на 27 и 28 март, во хотел “Русија“, во Скопје.

 

Обучувачи беа експертите: Џакомо Паили, Алесандро Симони и Филипо Ромоли. Учесници на обуката, покрај вработените на АОПЗ беа и преставници на следните институции: Мнистерство за правда, МВР, Народен правобранител, Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците и преставници на други институции.

27/28.03.2019