Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше дво дневна обука на тема „Родова еднаквост“. Обуката се одржа на 11-12 Ноември 2021 година во хотел Арка, Скопје.

            Целта на обуката беше зајакнување на соработката помеѓу дравната управа у заедниците, заедничко разгледување на прашања од интерес на заедниците. Исто така оваа обука беше наменета за припадниците на заедниците и новниот невладин сектор со цел да се подигне свеста и да се продлабочи знаењето дека е ваѓно да се почитува родовата еднаквост и да се унапреди знаењето за главните концепти за родова еднаквост.