Во рамки на Проектот “Програма за градење на капацитетите на Агенцијата за остварување на правата на заедниците ” поддржан од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, одржана е тридневна обука на тема Односи со јавноста.Обуката ја реализира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во просториите на Агенцијата. Цел на обуката беше да се стекнат знаења за градење на стратегијата за односи со јавноста и интерен ПР, зајакнување на презентациските вештини, пишување на прес соопштение, вежби и симулации на телевизиско, радио интервју, одржување на прес конференции. На обуката присуствуваа раководството и државните службеници од Агенцијата.
odnosi so javnost 1
odnosi so javnost 2
odnosi so javnost 4
odnosi so javnost 3