Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, започна со  спроведување на обуки наменети за здруженијата на припадниците на заедниците кои се претставени во Партиципативниот форум.

 

Целата на обуките е зајакнување на организациските и демократските капацитети на граѓанските организации за застапување на интересите на припадниците на заедниците и ефикасно остварување, унапредување и заштита на нивните права и нивно активно вклучување во сите сфери на јавниот живот, како и вклучување и делување на здруженијата како кредибилен партнер во процесот на креирање на политиките и одлучувањето.

 

Првата обука насловена „Стратешко планирање и програмирање на граѓанските здруженија“  се одржи на 26-27 мај 2015 во хотел TCC Grand Plaza – Скопје.  На оваа обука учествуваа вкупно 13 учесници.

Обуките беа спроведени од страна на претставници на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) – господинот Александар Кржаловски и госпоѓата Емина Неурединовска.

 

Учесниците во овие два дена се запознаа со концептот на институционален развој и организациското јакнење, како и интегрираниот организациски модел. Практично ја разработија ПЕСТ и СВОТ анализата за организацијата од која доаѓаат и успешно ги дефинираа мисијата и визијата кои ќе им послужат во иднина за начинот на планирање на идните активности.