Агенцијата за остварување на правата на заедниците денес во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија го одбележа 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.

Поздравни обраќања имаа:

Еран Куртиш – Директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците

Арбана Паошоли – Председател на Ккомитет за односи помеѓу заедниците во Собрание на Република Северна Македонија;

Роберт Алаѓозовски – Национален координатор за едно општество и интеркулутрализам; Марио Канелопулу – претставник на делегација на Европска унија во С.Македонија.

На настанот присуствуваа дел од пратениците на помалку бројните заедници во Собранието, како и претсавници на невладиниот сектор на заедниците.

„Сите луѓе се раѓаат слободни и рамноправни во достоинството и правата“ – пишува во првиот член на Декларација на човековите права.

Денес се одбележува усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права која беше усвојена од државите членки Генералното собрание на Обединетите нации, на 10.декември 1948 година, во Париз.

Човековите права и слободи се прва и наголема обврска на државата и сите нејзини институции.

Скопје 10.12.2022.