Во услови на пандемија Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) продолжува со активностите преку проектот „Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“ финансиран од Европската унија. Една од главните компоненти на проектот е подигнување на капацитетите на Агенцијата. Денес започна дводневната онлајн ја обуката за вработените во АОПЗ на тема  „Поглавје 23 – Соработка на полето – правосудство и човекови права“.

 

На обуката ќе бидат опфатени темите: европските стандарди за правата на заедниците од аспект на Поглавјето 23, презентација на ЕУ програмите и политичкиот допринос во Поглавјето 23, КОВИД 19 и етничките заедници: социјални и правни предизвици во селектирани земји од ЕУ, презентација на европските стандарди кои се однесуваат на говорот на омраза од аспект на Поглавјето 23, КОВИД 19 – Медиумска покриеност и омаловажување/етикетирање на групи, поединци или заедници.