Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) минатата недела имаше отворени денови. Во просториите на АОПЗ, на 15, 16, 17 и 18 мај, се одржаа работни состаноци со невладини организации кои ги промовираат и ги застапуваат правата на заедниците.

 

Раководството на АОПЗ ги информираше дел од турските, ромските, српските, бошњачките, влашките и невлaдини организации на дел од останатите заедници за соработката на АОПЗ со ОБСЕ Мисијата во Скопје и Делегацијата на Европската Унија (ЕУ). Невалдините организации беа информирани дека почнува процесот на измени и дополнување на законот по кој работи АОПЗ, потпишаниот Меморандум за разбирање со ОБСЕ за следните три години, како и проектот од ЕУ, кој треба да започне од средината на оваа година, а преку кој АОПЗ значително ќе ги зајакне своите капацитети.

 

Директорот Илхан Рахман и заменик-директорот Џелал Хоџиќ на невладините организации им ја презентираа досегашната работа на АОПЗ, изготвените анализи во повеќе области од интерес на заедниците, како и усвоените извештаи за работата на АОПЗ од страна на Владата на Р.Македонија.

 

Невладините организации на заедниците беа информирани и за предвидените активностите на АОПЗ до крајот на годината. Оваа година АОПЗ во соработка со ОБСЕ Мисијата во Скопје ќе организира три Пратиципативни форуми, од теми поврзани со културата, правичната застапеност и медиумите кои информираат на јазиците на заедниците. Ќе се организираат две обуки за невладините организации за заедниците, со кои на дел од невладините ќе им се зајакнат капацитетите. Невладините организации беа информирани и за предвидените промотивни активности на АОПЗ со дел од Комисиите за односи помеѓу заедниците во неколку општини.

 

Невладините организации се информирани дека треба да номинираат свои членови за Партиципативниот форум на тема „Поддршка на  Министерството за култура на невладините организации на заедниците под 20 %“, кој АОПЗ и ОБСЕ Мисијата во Скопје ќе го организираат на 31.05.2018 во Скопје.

 

Скопје

21.05.2018