Во организација на Агенцијата за остварување на правата на заедниците и Информативната канцеларија на Советот на Европа во просториите на ЕУ Инфо Центарот се одржа Панел дискусија на тема „Медиумите и заедниците – Трендови и предизвици“. На панел дискусијата на присутните им се обратија со поздравни говори г-ѓа Гордица Каранфиловска Претставник од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Амбасадор Ерван Фуере, Специјален претставник на Европската Унија и Шеф на Делегацијата на Европската Унија, г. Неждет Мустафа, Министер без ресор во Владата на РМ, г. Ѓорѓи Јовановски, Совет на Европа. На панел дискусијата земаа учество и г. Фарук Омерагиќ, Заменик Претседател на Советот за радиодифузија на тема „Улогата на Советот за радиодифузија во обезбедување на пристап кон медиумите, слобода и плурализам во изразувањето и законската рамка“ г. Еран Хасип, Заменик Директор на вториот програмски сервис на МТВ на тема „Улогата на вториот програмски сервис во остварување на правата на информирање на заедниците“ г. Миро Орландиќ, Мрежа на мулти-културно општество на тема„Информираност на помалите заедници на својот мајчин јазик“ г. Муртеза Сулооџа, Главен уредник на неделникот Јени Балкан на тема „Иднината на печатените медиуми на помалите заедници во РМ“ г-ѓа Зубејда Ахмед, Заменик директор на третиот програмски сервис на МРА и г. Горан Русиќ ,Радио новинар на тема „Радио програма на јазиците на заедниците“ Уредник на српската редакција на МТВ Г-ѓа Биљана Тодоровиќ, Уредник на турската редакција на МТВ г.Седат Азизоглу и Уредник на влашката редакција на МТВ Г-ѓа Јана Михаилова.

Директорката на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Г-ѓа Весна Бабиќ-Петровски во своето излагање се осврна на улогата на Агенцијата како и централните полиња на дејствување во наредниот период. Целта на панел дискусијата е да се лоцираат проблемите од областа на информирањето на заедниците, кои се провлекуваат со години наназад без некое значајно подобрување. Исто така беше истакнато дека Агенцијата на овој начин дава свој допринос за подобрување на информирање на заедниците на свој јазик како турски, српски, ромски, бошњачки и влашки јазик, така и на јазиците на најмалите заедници (хрватската, црногорската, руската, словенечката…) ,за кои во иднина треба да се направи повеќе.