Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Ве поканува овде да ја проследите во живо Панел-дискусија „Правата на помалубројните заедници во Република Северна Македонија“,  која ќе  се одржи на 10 декември 2019 година (вторник), по повод Меѓународниот ден за човекови права, која ќе се одржи во хотел  Холидеј Ин – Скопје, со почеток во 18:00 часот.

Настанот го организира Агенцијата за остварување на правата на  заедниците, преку проектот насловен „Зајакнување на демократијата преку остварување на правата на заедниците“,  финансиран од Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија.

Целта на панел дискусијата е зајакнување на свеста на пошироката  јавност за почитување на основните права на граѓаните кои припаѓаат на помалубројните заедници во Република  Северна Македонија.

 

https://www.facebook.com/%D0%90%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D0%9E%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%B0%D1%80%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%97%D0%B0%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%82%D0%B5-247511398737642/