Почитувани,
Ни преставува голема чест да Ве поканиме да го проследите завршниот настан на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) за оваа година, по повод 10 Декември- Меѓународниот ден на човековите права. Настанот ќе се одржи на 10-декември (четврток), со почеток од 10ч, во хотел Хилтон, a ќе биде организиран според сите протоколи за заштита од Ковид-19.
Панел дискусија „Права на припадниците на заедниците – состојба, трендови и предизвици“
Настанот со воведно обраќање ќе го отвори Шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, г-дин Дејвид Гир. Италијанскиот експерт, г-дин Алесандро Симони, ќе ги сумира резултатите од проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“. Како говорници во првата панел сесија насловена како “Состојбите на правата на заедниците“ ќе бидат:
– Г-дин Артан Груби –Вицепремиер и Министер за политички систем и односи меѓу заедниците
– Г-ѓа Мила Царовска – Министер за образование и наука
– Г-ѓа Ана Чупеска – Универзитетски професор
– Г-дин Рубин Земон – Експерт
Во втората панел сесија, насловена како “Тренови и предизвици во остварување и заштита на правата на припадниците на заедниците“, ќе се обратат:
– Г-дин Еран Куртиш – Директор на АОПЗ
– Г-дин Илхан Рахман – Заменик министер во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците
– Г-дин Илбер Села – Директор на Агенција за примена на јазикот на РСМ
Модератор во двете панел сесии е: Г-дин Џелал Хоџиќ, Заменик Директор во Агенцијата за остварување на правата на заедниците.
Завршниот настан на АОПЗ е дел од проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“, кој е поддржан од ЕУ и спореведуван заедно со германската консултантска куќа ГФА. Од настанот ќе има директен пренос, а линкот во текот на денот ќе биде објавен овде.