Почитувани,

Ни преставува голема чест да Ве поканиме да го проследите завршниот настан на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) за оваа година, по повод 10 Декември- Меѓународниот ден на човековите права.  Настанот ќе се одржи на 10-декември (четврток), со почеток од 10ч, во хотел Хилтон, a ќе биде организиран според сите протоколи за заштита од Ковид-19.

 

Панел дискусија „Права на припадниците на заедниците – состојба, трендови и предизвици“

Настанот со воведно обраќање ќе го отвори  Шефот на Делегацијата на ЕУ во Скопје, г-дин Дејвид Гир. Италијанскиот експерт, г-дин Алесандро Симони, ќе ги сумира резултатите од  проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“. Како говорници во првата панел сесија насловена како “Состојбите на правата на заедниците“ ќе бидат:

 

– Г-дин Артан Груби –Вицепремиер и Министер за политички систем и односи меѓу заедниците

– Г-ѓа Мила Царовска – Министер за образование и наука

– Г-ѓа Ана Чупеска – Универзитетски професор

– Г-дин Рубин Земон – Експерт

 

Во втората панел сесија, насловена како “Тренови и предизвици во остварување и заштита на правата на припадниците на заедниците“, ќе се обратат:

 

– Г-дин Еран Куртиш – Директор на АОПЗ

– Г-дин Илхан Рахман – Заменик министер во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците

– Г-дин Илбер Села – Директор на Агенција за примена на јазикот на РСМ

Модератор во двете панел сесии е:  Г-дин Џелал Хоџиќ, Заменик Директор во Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

 

Завршниот настан на АОПЗ е дел од проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“, кој е поддржан од ЕУ и спореведуван заедно со германската консултантска куќа ГФА. Од настанот ќе има директен пренос, а линкот во текот на денот ќе биде објавен овде.

линк :2- https://www.facebook.com/247511398737642/live/

1- https://www.facebook.com/247511398737642/live/