Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше два  Партиципативени форума на тема: „Комисии за односи меѓу заедниците“ и „Младинско учество и младниски политики“. Форумите беа одржани на 29 и 30 Септември во Хотел Тино во Охрид.

         На  првиот форумот чија тема беше „Комисиите за односи меѓу заедниците“ свое обраќање имаа Еран Куртиш – директор, Агенција за остварување на правата на заедниците и Катарина Живковиќ – национална програмска офицерка, Мисија на ОБСЕ во Скопје.

            Во работниот дел на Партиципативниот форум своја детална презентација имаше Мемет Мемети, експерт за спроведување на истражување и анализа на локалните комисии за однсони меѓу заедниците.

            На вториот Партиципативен форум чија тема беше младинското учество и младинските политики во Р.Северна Македонија модератор беше Ненад Живковиќ кој имаше и кратка презентација за младинските политики кои ги води и спроведува АОПЗ.

            Во работниот дел на форумот краток преглед на работата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во однос на/за младите имаше Јасмина Тодоровска Митова, национална програмска офицерка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во вториот дел од Партиципативниот форум беше презентирана Законската рамка и Стратешката рамка во однос на младинските политики на Р.Северна македонија од страна на Гордана Ценкова, заменик раководител на Сектор за млади при Агенцијата за млади и спорт и Ѓорѓи Тасев, советник за млади и младински политики канцеларија на претседателот на Владата на Р.Северна Макдеонија.