Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организира  Партиципативен форум на тема: “Финансирање на граѓански организации” кој се одржува денеска  1 декември 2021 година во хотел Арка, Скопје.

         На самиот форум предвидено е обраќање на Еран Куртиш – директор, Агенција за остварување на правата на заедниците, Роберт Алаѓозовски – национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Влада на РСМ како и Катарина Живковиќ – национална програмска офицерка, Мисија на ОБСЕ во Скопје.

            Во работниот дел на Партиципативниот форум своја презентација и анализа во делот на финансирање на граѓанските организации ќе имаат и :

– Атула Касуми – државен советник, Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците;

– Претставник од  Агенција за млади и спорт;

– Ирена Оровчанец – советник, Агенција за остварување на правата на заедниците;

– Претставник  од Министерство за култура;

– Сузана Никодијевиќ Филиповска –  раководителка на сектор за анализа на политиките и координација, Генерален секретаријат на Влада на РСМ.        

            Целта на Форумот како неформален и консултативен механизам  е зајакнување на соработката помеѓу органите на државна управа и заедниците, заедничко разгледување на прашања од интерес на заедниците, изготвување на препораки, релевантни предлози, законски и други предлози на текстови и  давање мислења во врска со предложените владини политики кои можат посредно или непосредно да влијаат врз остварувањето на правата на заедниците. Исто така  Партиципативниот форум  овозможува директна комуникација, дијалог  и соработка на заедниците со надлежните органи и институции.