Агенцијата за остварување на правата на заедниците во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје на 02.10.2012 година во х. Арка одржа партиципативен форум на тема ,, Правична и соодветна застапеност на заедниците”.На овој форум се разгледа прашањето на соодветна и правична застапеност на сите нивоа.За таа цел беше формирана и работна група која ќе ги разгледува состојбите во идниот период.Работната група, покрај меѓународната и домашната правна рамка од оваа област ги разгледуваше и извештаите на народниот правобранител за следењето на примената на начелото на соодветна и правична застапеност за 2010 и 2011 година.