Предвидуваме одржување на две обуки. Првата обука ќе се оддржи на 11.02.2021г. Втората обука ќе се оддржи на 18.02.2021 година. Обуките се еднодневни, со почеток во 9.00 часот и на 11-ти и на 18-ти февруари. Обуката ќе се одржи онлајн преку претходно утврдена онлајн платформа.

Обуката се состои од два дела:

ПРВ ДЕЛ
– Вовед, цели на обуката и правна рамка за унапредување и заштита на правата на заедниците во РСМ,
– Права на заедниците во РСМ
– Право на учество во културниот живот,
– Соодветна и правична застапеност,
– Право на информирање на мајчин јазик

ВТОР ДЕЛ 
– Права на заедниците во РСМ
– Право на образование,
– Право на употреба на јазик и писмо,
– Право на употреба на симболи,
– Вовед во дискриминација, стереотипи и предрасуди и заштитни механизми

Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават на contact@aopz.gpov.mk, со Ваш контак емаил и телефонски број, најдоцна до 08.02.2021, до 15.00 часот