Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), преку имплементирање на проектот „Зајакнување на демократијата преку унапредување и заштита на правата на заедниците“ финансиран од Европската Унија, објавува повик за учество на обука на организации на граѓанското општество, активности за човекови права, кои имаат за цел да го зајакнат капацитетот на активните организации кои работат на полето на заштита и унапредување на праватана заедниците.

 

Обуката ќе биде еднодневна и ќе се оддржи на 18.11.2020 година со почеток во 9.00 часот.  Обуката ќе се одржи онлајн преку претходно утврдена онлајн платформа.

 

Обуката се состои од два дела:

 

ПРВ ДЕЛ
– Вовед, цели на обуката и правна рамка за унапредување и заштита на правата на заедниците во РСМ,
– Права на заедниците во РСМ
– Право на учество во културниот живот,
– Соодветна и правична застапеност,
– Право на информирање на мајчин јазик
ВТОР ДЕЛ
– Права на заедниците во РСМ
– Право на образование,
– Право на употреба на јазик и писмо,
– Право на употреба на симболи,
-Вовед во дискриминација, стереотипи и предрасуди и заштитни механизми

 

Ги повикуваме сите заинтересирани да се пријават на contact@aopz.gpov.mk, со Ваш контак емаил и телефонски број, најдоцна до 13.11.2020, до 15.00 часот