Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) преку проектот “Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“, а финансиран од Европската Унија, втор пат ги поддржува граѓанските организации. Во вториот повик се поддржани вкупно осум граѓански организации чии активности се насочени кон промоција и остварување на правата на помалубројните заедници.
На состанокот што се одржа во просториите на АОПЗ учествуваа Директорот на Агенцијата Илхан Рахман како и претставници од граѓанските организации чии активности ќе се поддржуваат. Во состанокот Рахман потенцираше дека граѓанските организации кои работат во областа промоција и остварување на правата на помалубројните заедници треба да се поддржуваат континуирано и Агенцијата преку ЕУ проектот “Зајакнување на демократијата преку промоција и заштита на правата на заедниците“ прв пат поддржува граѓански организации . Рахман потенцираше дека како институција соработката со граѓанските организации е на многу добро ниво и истата постојано се продлабочува.
Во вториот повик АОПЗ ќе ги поддржи следниве граѓански организации во спроведување на нивните активности:
- Конференција за спроведување на политиките за интеграција на ромската заедница – Ромалитико – Скопје
- Работилница- трибина „Правата на српската заедница РСМ“ – Српски културен центар – Скопје
- Компаративни анализи на состојбата на заедниците во Р. Хрватска пред и после зачленувањето во ЕУ и НАТО – Заедница на хрвати во РСМ
- Печатење на збирка од 6 двојазични (македонско- влашки) приказни – КУД Питу Гули – Скопје
- Жената во сенка – ГАЈРЕТ – Кичево
- Да се разбереме – Унија за културата на власите од Македонија – Скопје
- ЕДУ студија за успешна имплементација – ЕДУ НИСА и Диванхана – Скопје
- Инфо леток – СКИЦ СПОНА – Скопје
18.10.2019