Како фаза од проектот на УНДП „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка“ реализиран е работен состанок со ЦССП (германска невладина организација) за заедничка реализација на дел од проектот. Целта на проектот е зајакнување на соработка меѓу локалото и централното ниво и подобрување на меѓуетнички односи.
Активностите започнуваат во февруари 2011 година, а се однесуваат на реализација на обуки за подобрување на соработка меѓу централно и локално ниво, медијација и мониторинг и евалуација. На состанокот од страна на ЦССП учествуваа Др. Дитер Волкевиц , Др Кристина Стенер Менаџер и Г-дин Кујтим Деари.