Тимот на Цивика мобилитас со задоволство Ве поканува на настаните што ќе се одржат на 5 мај (вторник) 2015 година од 10.00 до 16.00 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Покрај свеченото доделување на институционалните грантови, пред присутните ќе бидат презентирани акциските грантови за кои веќе е отворен повикот, а ќе бидат најавени малите грантови за локални општествени акции и ад-хок грантовите.

Повеќе информации со дневниот ред се достапни на: https://www.civicamobilitas.mk/mk/vesti-i-javnost/vesti/66-pokana-za-nastan-na-civica-mobilitas

Вашето учество може да го пријавите на https://goo.gl/forms/LFXda5NAF1.