На ден 15.07.2011 година Агенцијата за остварување на правата на заедниците ја посети петчлена делегација на Фондот за малцинства на Република Црна Гора. Делегацијата ја предводеше претседателот на Управниот одбор д-р Мирослав Мариќ. На средбата беше разгована за законската поставеност, надлежностите и активноститете на двете институции, како и за механизмите и критериумите за финансирање на здруженија на граѓани и фондации.

На средбата беа разменети мислења, ставови и искуства околу човековите и малцинските права. Исто така се разговараше за понатамошна комуникација и идна соработка на заеднички меѓународни проекти.

Беше договорено во наредниот период Агенцијата за остварување на правата на заедниците да го посети Фондот за малцинства на Република Црна Гора, со цел за се запознае со работата на истиот.