На ден 29.02.2012 година беше реализирана посета на представници на Советот на Европа на Агенцијата за остварување на правата на заедниците. Поводот  на посетата беше започнувањето на  реализацијата на тригодишен регионален џоинт проект на Советот на Европа и ЕУ од областа на заштита и унапредување на правата на заедниците. Проектот под назив  „Унапредување на човековите права и заштита на заедниците  во Југоисточна Европае финансиран од ИПА фондовите и ги вклучува Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Република Македонија и Косово.

За време на својот престој во РМ претставниците на Советот на Европа остварија средби и со претставници на други државни иституции и здруженија на граѓани кои се занимаваат со остварување на правата на заедниците, а коишто покрај АОПЗ како главен партнер во проектот, исто така ќе бидат вклучени  во реализацијата на активностите на овој проект.

Целта на овој  проект ќе биде имплементацијата на националната легислатива и промоција на добрите практики согласно Европските стандарди за заштита на правата на заедниците и борбата против дискриминација, како и развивање на функционална регионална мрежа на тела вклучени во унапредувањето и заштитата на правата на заедниците.