Денеска канцаларијата на Народниот правобранител и Агенцијата за остварување на правата на заедниците потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот за соработка е попишан од г-дин Насер Зибери, народен правобранител, како и г-дин Еран Куртиш, директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

Со овој Меморандум се уредува начинот на соработка меѓу Народниот правобранител и Агенцијата за остварување на правата на заедниците, координицијата и имплемнтацијата на заедничките договорени активности, заради претходно утврдена цел – унапредување на соработката во делокругот на принципот на еднаквоста и заштита од дискриминација.

Иниституциите се обврзуваат заеднички да работат во областа на еднаквоста и заштита од дискриминација во насока на заштита човековите права и слободи, а во согласнот со надлежностите кои им се утврдени со Законот за народниот правобранител и Законот за правата на заедниците, кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија.