Пратеникот во македонското собрание, г-дин Енес Ибрахим, беше во посета на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ) каде оствари средба со заменик- директорот Џелал Хоџиќ.

 

Хоџиќ го информираше пратеникот Ибрахим за активностите на АОПЗ и процесите кои се важни за помалубројните заедници. Посебен акцент беше ставен на активностите од проектот “Зајакнување на демократијата преку промоција и унапредување на правата на заедниците“, кој е поддржан од ЕУ и е во финална фаза на реализација.

 

Хоџиќ му се заблагодари на пратеникот Ибрахим за поддршката во усвојувањето на новиот законо за правата на заедниците кои се помалку од 20% од населението во Република Северна Македонија, во минатиот состав на Собранието на РСМ, закон по кој работи АОПЗ. Новиот закон како и значително подобрената соработката на АОПЗ со невладините организации на заедниците, соработката со ЕУ делегацијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, зголемена видливост на Агенцијата во јавноста, АОПЗ покажува капацитети за квалитетно застапување на помалубројните заедници.

 

Пратеникот Ибрахим се заблагодари на конструктивниот состанок и изрази подготвеност за поддршка за сите следни активности и предизвици на АОПЗ.