Пратеничката во македонското собрание, Моника Зајкова, беше во посета на Агенцијата за остварување на правата на заедниците (АОПЗ), каде оствари средба со заменик- директорот Џелал Хоџиќ.

 

На средбата првенствено се дискутираше за состојбата на заедниците кои се под 20%, нивната правична застапеност во администрацијата, образованието на мајчин јазик и промовирање на нивната култура. Хоџиќ ја информираше Зајкова за позицијата, улогата и активностите на АОПЗ, со посебен акцент на активностите од проектот “Зајакнување на демократијата преку промоција и унапредување на правата на заедниците“, кој е поддржан од ЕУ и е во финална фаза на реализација.

 

Заменик директорот Хоџиќ потенцира дека со новиот закон по кој работи АОПЗ, значително подобрената соработката на АОПЗ со невладините организации на заедниците, како и соработката со ЕУ делегацијата и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, зголемената видливост на Агенцијата во јавноста, АОПЗ покажува капацитети за квалитетно застапување на помалубројните заедници.

 

Пратеничката Зајкова се заблагодари на конструктивниот состанок и изрази подготвеност за поддршка за сите следни активности и предизвици на АОПЗ.